Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се формира Комитет за јавни инвестиции – крај на импровизациите, почнува системско планирање

Се формира Комитет за јавни инвестиции – крај на импровизациите, почнува системско планирање

Владата воспоставува нов механизам за управување со јавните инвестиции преку формирање на Комитет за јавни инвестиции, најави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за „суштинска промена“ во начинот на носење одлуки.

Обраќајќи се пред членовите на Комитетот, Мицкоски истакна дека новото тело ќе овозможи поцврст, поодговорен и стратешки пристап кон трошењето на буџетските средства.

  • Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија - рече Мицкоски.

Тој нагласи дека јавните инвестиции не се само бројки, туку конкретни проекти што влијаат врз економијата и квалитетот на животот на граѓаните.

  • Целта е секој денар од буџетот да биде насочен таму каде што создава најголема вредност, отвора работни места и го подобрува животот на граѓаните - додаде премиерот.

Како дел од приоритетите, Мицкоски ги посочи инвестициите во повеќе сектори:

  • Во транспортот – модернизација на железниците и поврзување преку коридорите 8 и 10
  • Во образованието – завршување на објектите на ФИНКИ, ФФКЗ и Универзитетот „Мајка Тереза“
  • Во здравството – изградба и унапредување на регионалните клинички болници во Тетово, Штип и Кичево
  • Во дигитализацијата – воспоставување на владин дата-центар и зајакнување на сајбер-безбедноста
  • Во земјоделството – инвестиции во водостопански системи како Злетовица и Стрежево
  • Во енергетиката – нови капацитети, обновливи извори и модернизација преку ЕСМ

Мицкоски посочи дека сите проектни идеи веќе добиле позитивно мислење од Министерството за финансии, што, според него, е гаранција дека станува збор за издржани и остварливи иницијативи.

Тој нагласи дека Комитетот ќе има клучна улога во селекцијата на проектите.

  • Комитетот не е формалност. Тој е филтерот на квалитетот и од неговата работа ќе зависи дали ќе имаме јасни приоритети и рамномерен развој - истакна премиерот.

Според него, со оваа реформа се поставуваат темели за поефикасно и транспарентно управување со јавните инвестиции, со цел, како што рече, „Македонија да гради паметно и да испорачува конкретни резултати“.


Слично

Поврзани вести