Се евакуираат туристи од Албена, хотелите под вода
Обилните дождови во соседна Бугарија се одразија и на одморалиштето Албена. Реката Батовска се излеа и шест хотели во комплексот се под вода. Ттуристите кои одмараа таму се евакуираат, соопштуваат од Регионалниот совет за безбедност, пишува бугарски сајт novinite.bg.
Изнесувањето на туристите од одморалиштето може да се изведе само со хеликоптери. Спасувачки екипи од одморалиштето како и соседните места Балчик и Добрич, пристигнале на местото за да помагаат во евакуацијата.
Хотелот „Гергана“ во Албена е во искривена положба и има опасност да се сруши, раскажал очевидец за бугарски Канал 3, но информациите се `уште не се официјално потврдени.
Патиштата од одморалиштето кон Балчик и Варна се целосно непроодни. Многу од патните тротоарите се под вода. Движењето од и кон Добрич и кон Балчик и Албена е нарушено.
