СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА СПЕКТАКЛ - денеска приказ на способноста на српската Војска, ќе дојде и Вучиќ
Министерството за одбрана и војската на Србија денеска организираат демонстрација на можностите на српските воени сили наречена „Штит 2022“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе присуствува на демонстрацијата на можностите на српската армија „Штит 2022“ на воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.
Министерството за одбрана и војската на Србија денеска организираат демонстрација на дел од можностите на српските воени сили наречена „Штит 2022“, а посетителите ќе можат да видат оружје и воена опрема во статичен и динамичен приказ.
Посетителите на аеродромот во Батајница ќе можат да дојдат од 8.30 часот, а програмата на која ќе присуствува и претседателот Вучиќ ќе започне во 11 часот. Граѓаните ќе можат да ја видат изложената воена опрема до 15 часот.
