Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се дури има закани МВР ќе ги чува екс функционерите

Се дури има закани МВР ќе ги чува екс функционерите
Министерот Чавков потврди дека МВР врши проценка на ризикот по безбедноста на актуелни, но и поранешни функционери врз кои има реални закани. Медиумите пренесуваат дека на државен трошок се „чуваат“ екс министерката Јанкуловска која има 6 член тим со 3 возила, додека пак за безбедноста на Сашо Мијалков, екс директорот на УБК, се грижат осумина припадници на службите на МВР со четири возила. mijalkov jankulovska kotestki Чавков не сакаше конкретно да посочи кои политичари се штитат, но посочи дека и екс министерот Спасовски кој беше од редовите на СДСМ се уште е обезбедуван иако му завршил мандатот. Ниту пак ги откри заканите кон функционерите и од кого се упатувани. Mitko-Cavkov Пресудно според новата уредба на владата се конкретни закани по животите на функционерите и тие ќе бидат обезбедувани се додека истите траат, без оглед што мандатот им е истечен по една година. Засега нема одговор кој врши надзор над проценките на заканите и ризиците по животот на функционери и политичари, освен што одлуките ги носи самото министерство, па можеби ќе биде побаран одговор од страна на собраниската комисија за надзор на работата на УБК. Право на редовно обезбедување и по престанок на мандатот имаат поранешните премиери и претседатели на Република Македонија.
Слично

Поврзани вести