Се чекаат резултати од вкрстената проверка на податоците од избирачкиот список
Државната изборна комисија денеска ќе ги соопшти резултатите од вкрстената проверка на податоците од избирачкиот список.
Не се знае колку спорни гласачи покажало вкрстувањето на податоците од базите од различни државни институции. Најавите беа дека вкрстената анализа ќе трае од 7 до 10 дена, но откако почна поминаа повеќе од две недели.
Теренските проверки ќе се прават во соработка со Заводот за статистика, но ќе има и партиски претставници. Колку време ќе трае теренската анализа засега не се знае, но откако ќе заврши ќе треба да се водат управни постапки за гласачите кои ќе се бришат од списокот.
Избирачкиот список треба да биде подготвен најдоцна до 17 април, за да изборите се одржат на 5 јуни.
ДИК од недела на полноќ, ја укина прјавата на неправилности преку веб апликацијата, затоа што до тој момент имало многу барања кои треба да се обработат. Неправилности граѓаните можат да пријавуваат писмено или во подрачните канцеларии на ДИК.
Слично
