Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЧЕКААТ ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ДИК: Кој каде победи во прв круг?

СЕ ЧЕКААТ ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД ДИК: Кој каде победи во прв круг?

Јавноста ја чека новата прес конференција на Државната изборна комисија на која ќе се официјализираат податоците за седмите по ред локални избори.

Партиите си прогласија победи според нивни броења додека , до 17.00 часот, излезноста е 41.39% а гласале вкупно 547.048 граѓани од вкупно запишани 1.824.864 во Избирачкиот список.

Александар Даштевски, претседателот на ДИК на синоќешната пресконференција рече дека од досега обработените резултати, кандидатот на СДСМ Петре Шилегов има освоено 35,26 отсто и Данела Арсовска има 38,15 отсто, но бројот на обработка е сѐ уште мал. За Совет на Град Скопје има недоволна обработеност. Тој податок на сајтот на ДИК сѐ уште си стои.

Зоран Заев синоќа изјави дека СДСМ победува или има сериозно водство во повеќе од 30 општини во земјава, и во градот Скопје. 

Ги наброја Струмица,  Крива Паланка, Карпош, Центар. Шуто Оризари, Делчево, Крушево, Ресен, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Конче, Дебарца, Долнени, Куманово. 

Од друга страна , опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кажа дека тие победуваат во следниве скопски општини:  Аеродром (Тимчо Муцунски), Илинден (Александар Георгиевски), Сопиште (Стевче Трпков), Петровец (Борче Митевски), Бутел Дарко Костовски, Гази Баба (Бобан Стефковски). Соопшти дека имаат најверојатно 22 градоначалници во прв круг, во повеќе од 20 биле првопласирани, а во другите влегуваат во втор круг како второпласирани. Ги наброја и Јегуновце, Велес, Карбинци, Штип, Кавадарци, Прилеп, и Битола, потоа Виница, Пехчево.

Слично

Поврзани вести