СЕ ЧЕКА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ПРАТЕНИЦИТЕ: ВМРО ДПМНЕ ребалансот ќе го затрупа со амандмани
Комисиската расправа за ребалансот на буџетот стартува денеска. Пратениците во следните 10 дена ќе распрваат по ребалансот кој владата го направи за да ги промени позициите на расходната страна.
Со ребалансот се предвидуваат три милијарди денари за долговите на општините но и повеќе пари за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.
Од опоициската партија се стокмени вкупно 180 амандмани за овој ребаланс а десетина амандмани доаѓаат од страна на Албанските партии.
Експертите го искритикуваа овој ребаланс додека министерот Тевдовски им посочи дека не поддржува неодговорност на градоначалниците, туку им дава поддршка за сега а детали читајте тука.
Слично
