Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се чека „Вујко Сем“ да ја спаси Македонија!

Се чека „Вујко Сем“ да ја спаси Македонија!
По изјавата на Хан и упадот во преговарачкиот процес се чини дека европското присуство во кризата е контаминирано и дека ќе требаат засилени дипломатски напори од преку барата за да може Македонија да се надева на решение на политичката криза. Ова го сметаат повеќето аналитичари кои ги контактираше Фактор, во обид да антиципираме иден развој на настаните. Речиси сите се согласни дека преговорите на 10 јуни нема да резултираат со ништо конкретно по што во решавањето ќе се вклучи американски игра, најверојатно тоа ќе биде дипломатот Хојт Ји. “Нема излез од вакви ситуации без одлучен и без компромисен ангажман од САД.  Секогаш, само американците тука издејствувале правични решенија кои биле прифатени од двете страни, но без тие да бидат на штета на другата страна. Со таа најава или, јас би ја нарекол грешката во неговата изјава за која веднаш се поправи, но залудно, тој покажа јасна пристрасност. А да не речам, но и неговите претходници исто така правеа неприфатливи гафови и неслучајно граѓаните не веруваат во европската дипломатија колку што веруваат во американската дипломатија. Ова треба да се кажува многу отворено, иако ние сме про – европски и без сомнение нашата определба е западна и европска, но не со ваквиот дипломатски речник кој оди на штета на граѓаните, а во корист на криминогените политички елити“, оценува за Алсат академик Абдулменаф Беџети. Инаку, претходно упатените во дипломатијата го оценија за силен гаф вчерашниот обид на еврокомесарот Хан да влијае на текот на преговорите со една непрецизна изјава, онаа за позитивните изборни циклуси во Македонија. Ќе беше сосема на место и легитимна позицијата на Хан доколку не употребеше неточности во искажаната формулација, со што практично го поткопа својот преговарачки авторитет и тоа и кај двете страни. Владините претставници не ја коментираа јавно изјавата на Хан, но и тие беа свесни, дека таа, иако  е во нивна полза, е преуранета, и дека може да доведе до застој на процесот, што секако не е добро за целата држава. Оттаму, за оваа фаза од преговорите, недоволно промислената изјава на Хан од Вашингтон колку и да била добронамерна, е „нагазна мина“ за процесот што треба да се води во Брисел на 10 јуни, оценија анкетираните за Фактор. Американското присуство би требало да се засили во втората половина на јуни, а решението на кризата да резултира најранон до крајот на месецот, иако не е исклучено дека кризата ќе потрае и до септември. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести