Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се чека пресудата за „Монструм“

Се чека пресудата за „Монструм“
Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја обелодени пресудата за петкратното свирепо убиство кај Смилковското Езеро. Во случајот „Монструм“ се обвинети седум лица, од кои две се на Косово, каде издржуваат казна затвор за друго дело. Изрекувањето на пресудата во овој исклучително важен судски процес еднаш беше одложено пред десетина дена, поради здравствени причини на главниот судија. Обвинетите се соочени со казни затвор од 10 години до доживотно, доколку бидат осудени по обвинението за тероризам. Обвинителството ги товари дека со масовно убиство на Велики Четврток пред две години сакале да создадат страв кај населението и нестабилност во земјата. Одбраната, пак, тврди дека целиот случај е монтиран. Денешната пресуда треба да стави точка на еден од најцрните настани за Македонија, во кој безмилосно беа убиени петмина рибари, од кои четворица млади момчиња.  
Слично

Поврзани вести