Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЧЕКА ПОТПИСОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Од денес РКЕ ја утврдува цената на бензините

СЕ ЧЕКА ПОТПИСОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Од денес РКЕ ја утврдува цената на бензините

Подготвителна седница денеска на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. На подготвителната седница на РКЕ , како што е соопштено ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас. 

Имено, од денес по нови правила и методологија, РКЕ ќе ја  утврдува цената на нафтата и нафтените деривати но токму тие го чекаат потписот на новиот шеф на државата Стево Пендаровски откако измените на Законот за енергетика не го добија потписот на Иванов.

Иванов замина официјално од функцијата вчера, а Пендаровски кој стапи на функција во Регулаторна се надеваат дека ќе го стави својот потпис .

Денеска треба да се утврди одлука за нова цена на бензините а договорот со ОКТА преку кој со утврдени правила се формираше цената на нафтените деривати на пазарот во земјава заврши на 8 мај. До сега, цената на дериватите се формираше согласно одредби предвидени во Анексот Д од договорот со ОКТА, каде како фактор се земаше и производната цена.

 Од нафтените компании кои дистрибуираат деривати во земјава, ја прашаа Регулаторната комисија за енергетика зошто законот првично не бил регулиран, па подоцна да се носат измени и зошто надлежните во последен момент ги правеа законските измени.

Бислимовски за Фактор тврдеше дека се работи секогаш на време, посебно на оваа проблематика работеле уште од ноември минатата година.

Инаку според новите правила Регулаторна ќе ја формира цената, не како досега по произвдона цена туку основно по цената на нафата на светските берзи.

„Ќе ги земеме предвид и дополнителни трошоци на компаниите за носење на дериватите, други давачки за транспорт до пумпите, плус ќе има и трошок за складирање и маржа, вели Бислимовски.


Слично

Поврзани вести