Се чека на ГП Богородица за влез во Грција
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија, особено на главниот граничен премин Богородица преку кој македонските, но и другите туристи се движат кон своите летни дестинации за годишните одмори.
„На Граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Македонија, времето на чекање е не повеќе од 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините“, јави АМСМ.
Слично
