Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Девојка падна во бездна длабока 30 метри

СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Девојка падна во бездна длабока 30 метри

Несреќа се случи во Националниот парк Плитвички езера, при што млада девојка од Франција се бори за живот, пишуваат хрватските медиуми.

Дваесет и три годишната девојка  паднала во бездна длабока 30 метри. Несреќата се случила вчера наутро кога таа излегла од оградениот дел, се лизнала и паднала во провалијата.

По спасувачката акција, девојката со возило на Итна медицинска помош е пренесена до најблиското место, а потоа со хеликоптер во Клиничката болница во Ријека. Таму лекарите се борат за нејзиниот живот.

Слично

Поврзани вести