СЕ БОГАТЕЛ СО СТУДЕНТСКИ ПАРИ: Кривична пријава за претседателот на Студентскиот парламент во Штип
Претседателот на Студентскиот парламент во Штип заработи кривична пријава под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување.
Тој во неколку наврати незаконски префрлал пари на своја сметка како и на неговата фирма „Гомакс Уно”.
Од сметката на Студентскиот парламент, тој вкупно извлекол 509 071 денари.
Исто така, тој во периодот од 1 јануари 2013 година до 31 мај годинава на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица незаконски од сметката на Студенскиот парламент, им исплатувал средства во вкупен износ од 5.628.117 денари.
Слично
