СЕ БЛИЖАТ ИЗБОРИ: Ќе има ли време да се прочисти Избирачкиот список?
Државната изборна комисија се уште не може да започне со проверка и прочистување на Избрирачкиот список.
Комисијата не може да одреди датум за почеток на овој процес, зашто чека согласност од четирите партии, бидејќи работната група сè уште нема доставено забелешки и одобрување за да се усвои методологијата.
На вчерашната седница на Државната изборна комисија, беше усвоена само процедурата за прочистувањето на избирачкиот список што подразбира вкрстување на податоци од 13 државни институции: Фондот за здравство, МВР, Фондот за пензиско осигурување, УЈП, Државен завод за статистика, Катастар, НБРМ, општините, Водовод и канализација.
Но, методологијата е клучниот дел од прочистувањето на Изборниот список.
Претходно, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека оставаат ДИК да ја определи методологијата, а тие ќе прифатат се што ќе биде предложено.
За СДСМ прифатлив е предлогот на ДИК за административната проверка, односно да се прави вкрстување на податоците од 13 институции.
Датумот за избори на 24 април, на кој инсистираше владејачката коалиција, се наближува, а времето за исполнувањето на сите пржински обврски ги „гази” политичките партии.
Дали ќе има време да се прочисти изборниот список до изборите, се уште не може да се каже, иако факт е дека во старт се доцни со донесувањето на методологијата, која иако требаше да биде донесена на 10 декември, a не е позната ниту на 23 јануари.
