Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат туристи да се борат против даночното затајување во Грција

Се бараат туристи да се борат против даночното затајување во Грција

Предлогот е една од седумте реформи опишани во Анекс писмото испратено од министерот за финансии.

Предлогот на Грција да користи „инспектори професионалци“, вклучувајќи ги и „студентите, домаќинките па дури и туристите“ во борбата против даночното затајување предизвика масовен потсмев на Владата од страна на политичките противници и на интернетот, објавија американските медиуми.

Предлогот е една од седумте реформи опишани во Анекс писмото испратено од министерот за финансии Јанис Варуфакис до холандскиот колега Јерун Дејселблум, кој е и претседател на Еврогрупата.

Опозициските партии Нова демократија и ПАСОК, кои беа коалициски партнери во претходната Влада, го определија новиот предлогот како „смешен“ и сомнителен од правна гледна точка.

Владата не потврди а протекоа информации од писмото, но исто така не ја негираше истата како одговор до Нова демократија, пишува АП.

Предлозите за реформите ќе бидат разгледани на седница на Еврогрупата во Брисел во понеделник.

Грција ќе ангажира армија даночни инспектори, кои ќе ги вклучат туристите и студенти за да откриат даночни измами, соопштија од ДПА вчера, цитирајќи го предлогот на министерот за финансии Јанис Варуфакис.

Варуфакис понудил вработување на „голем број непрофесионални инспектори, опремени со техника за аудио и видео записи“.

Според него информациите што ќе ги соберат овие луѓе, ќе имаат правна вредност и ќе се намали бројот на редовни даночни службеници.

Информациите дека постојат илјадници луѓе кои имаат рекордери во корист на даночните власти, е во состојба да го промени ставот многу брзо, распространувњето на чувството за правичност меѓу општеството и предизвикувајќи нова култура за плаќање на даноци, наведува во писмото до Дејселблум грчкиот финансиски министер.

Слично

Поврзани вести