Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат работници, најниска плата 1400 евра!

Се бараат работници, најниска плата 1400 евра!
Како полесно до работа? Ова е прашање што си го поставуваат многу Македонци денес, кои својата заработувачка ја наоѓаат во Европа. Една таква шанса се отвора и во Австрија! На пазарот на работна сила во Австрија му недостигаат работници во угостителството, соопшти денеска австрискиот Сервис за вработување. Според нивните податоци најпотребни се келнери готвачи и помошници во кујна. Попрецизно кажано се бараат 14.259 келнери, 10.227 готвачи и 5.091 персонал за во кујна. Исто така се посочува дека недостиг од работници има и во делот на одржување на хигиена во зградите, каде се бараат 9.598 работници, пакување стоки, 7.754, општа помошна работна сила 5.995 и работници во магацин 4.788. Австриските синдикати велат дека се додека се ниски платите во овие гранки, недостиг од работници ќе биде редовна појава. Од 1 мај годинава, вработените во хотелиерството и угостителскиот бизнис имаат загарантиран минималец во износ од 1.400 евра бруто плата.
Слично

Поврзани вести