Се бараат работници - се нуди плата до 12.000 куни
Во Хрватска на бродоградилишта се бараат работници, а се нуди плата од 12.000 куни.
Работници не е лесно да се најдат. Се бараат со месеци, а работодавците се принудени и да „увезуваат“ работна сила.
Бродоградилиштето Уљаник бара заварувачи, а како што нема работници, подготвени се и да ги образуваат кадрите.
Оној кој ќе ја помине обуката може да заработува и до 12.000 куни плата.
Оваа компанија во Пула и Ријека има 500 работници, но се бараат и нови луѓе, пишува Дневник.хр.
Се наведува дека оваа професија е поплатена од другите и квалитетните кадри никогаш не губат, напротив секогаш се барани на пазарот на труд.
Освен во Хрватска, заварувачи се бараат и во цела Европа.
Слично
