Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРААТ ПОГОДНИ СРБИ ЗА КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ! Без нив не може да се менуваат и носат закони

СЕ БАРААТ ПОГОДНИ СРБИ ЗА КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ! Без нив не може да се менуваат и носат закони

По заминувањето на претставниците на Српската листа, парламентот во Приштина нема да биде функционален, порадишто српските медиуми укажуваат дека премиерот бара луѓе кои ќе ги заменат српските претставници. 

Според нив, премиерот на Косово, Аљбин Курти се обидува да ја реши политичката криза во покраината барајќи соодветни Срби да ги сменат претставниците на Српската листа кои ги вратија мандатите во косовското Собрание, но размислува и за именување координатори во четири српски општини на север, како замена за градоначалниците на општините кои поднесоа оставки.

Според нив, по едногласното и масовно излегување на Србите од привремените институции во Приштина, пред Курти се постави прашањето како да се надомести заминувањето на десет членови на Српската листа во Собранието. Иако нивните гласови во парламентот не се одлучувачки за опстанокот на владејачкото мнозинство, без нив не може да се менуваат и усвојуваат важни закони и устав на самопрогласената република.

- Според законот, Курти сега има можност да додели десет слободни места на пратениците од Српската листа кои паднаа под линијата при доделувањето на мандатите, но свесен е дека сите ќе ја одбијат оваа понуда - пишува „Курир.рс“.

Според нив, втората опција е незаконска, а вклучува нудење пратенички книшки на други српски партии кои учествуваа на последните парламентарни избори. Токму затоа Курти веќе почна да бара соодветни Срби за пополнување на испразнетите места. Прва меѓу нив е поранешната пратеничка Рада Трајковиќ, која самата изјави дека доколку и се понуди пратеничка функција ќе ја разгледа понудата.

- Како некој што учествувал на последните избори во Косово, би ја разгледала оваа понуда. Но, би прифатила само доколку господинот Курти ги гарантира и почитува целосно и безрезервно уставните права на нашата заедница – рече Трајковиќ.

Политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ за Курир вели дека не се сомнева дека Курти на овој начин ќе се обиде да ги подели Србите на Косово, но тоа во овој момент не смее да се случи.

- Никој од Србите на Косово сега не може да прифати да влезе во Собранието на Косово и да ги замени пратениците кои се повлечеја. Легитимно е некој да биде во опозиција на Српската листа на Косово, но тука не станува збор за Српска листа или политичка ориентација. Ова е прашање на национален опстанок! Никој од Србите не треба да влезе во овој момент во Собранието, бидејќи ова е моментот кога се носат суштински одлуки од национално значење - рече Анѓелковиќ.

Слично

Поврзани вести