Која институција вработува и нуди плата над 1000 евра
Четворици пилоти, раководител на oдделение за специјализирани услуги со воздухоплови и двајца воздухопловни механичари бара Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во огласот за вработување на неопределено време се пропишани посебните услови и работни компетенции што треба да ги исполнуваат кандидатите.
71.980 денари е сумата која се нуди за платата на раководител на одделение додека пилотите ќе добиваат по 62.342 денари, а воздухопловните механичари по 36.163 денари.
Пријавите за огласот може да се достават во наредните осум дена (15 ) преку архивата на Дирекцијата за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.
Слично
