Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат македонски рудари за работа во БиХ

Се бараат македонски рудари за работа во БиХ

Во БиХ се бараат рудари од Македонија за плата од 900 евра, но и од Кина.

Рајко Дукиќ, претседателот на компанијата „Боксит“ од Милиќи во Република Српска преку амбасадите на Северна Македонија и Кина упатил допис со кој известува дека итно се потребни за 30 рудари за потребите на компанијата, која освен со ископ на боксит, се занимава и со друго производство и со трговија. Тој вели дека условите се одлични, пишува босански „Капитал“.

„За осумчасовно работно време, платата е 900 евра, прекувремената работа се плаќа посебно. Сместувањето и исхраната се бесплатни. Со вработените се склучува договор на повеќе години. Даноците и придонесите би се плаќале според законските прописи. Би ви биле благодарни ако се вклучите да ни помогнете. Доколку ангажираме работници, ние би ги регулирале работните односи, како и прашањата сврзани со годишните одмори и повремените заминувања дома“, пишува во писмото од „Боксит“ до амбасадите.

фото Капитал

Слично

Поврзани вести