Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат инвеститори од Европа и САД за новата еврообврзница

Се бараат инвеститори од Европа и САД за новата еврообврзница

Од Министерството за финансии денеска почнаа со средби со инвеститори од Европа и САД, за купувањето на последната еврообврзница која чини 650 милиони евра.

Станува збор за 10-годишната еврообврзница која Македонија планира да ја издаде на меѓународниот пазар и која е најголема досега.

Ако Владата ја издаде еврообврзница, долгот ќе надмине 5 милијарди евра или скоро 54 % од БДП.

Одлуката за издавање на новата петта по ред еврообврзница беше објавена пред три дена и оттогаш реакциите не стивнуваат. Гласни против новото задолжување се партиите, експерите и граѓаните кои потпишуваат онлајн петиција.

Од Владата кажаа дека парите ке се користат за покривање на дефицитот во две буџетски години.

Ако оваа еврообврзница биде издадена со камата од 5,5 %, вкупниот долг на државата само за оваа еврообврзница по 10 години ке изнесува една милијарда евра.

Слично

Поврзани вести