СЕ БАРААТ ЧЛЕНОВИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЈП ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Директорот Рустеми за свој шеф го смета само Ахмети
Владата бара нов тим кој ќе биде дел од управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта. Објавен е оглас со кој се бараат четири члена кои ќе ги заменат сегашните членови во УО.
Новите членови, како и досегашните ќе имаат мандат од четири години, со право на уште еден последователен мандат. Секако ако се избере некој од сегашните членови на управниот одбор, во иднина немаат право да конкурираат, бидејќи правилата велат до два мандати за секој член.
Како што е познато, ЈП Државни патишта управува со патишатата, предлага програмата за развој и одржување на патиштата, ја контролира нивната состојба. Во нивна надлежност е и наплатата на патарините, реконструкција и одржување на патиштата...
Лицето кое сака да се обиде да конкурира на овој јавен повик треба да е државјанин на Македонија, да има стеканато 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование. Исто така лицата кои ќе конкурираат не треба да имаат судска пресуда со која има казна или забрана за вршење дејност.
Со огласот е истакнато дека членовите на управен одбор треба да имаат соодветно работно искуство. Поточно два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години рабонто искуство од областа на дејнсота на јавното претпријатие. Најмалку еден член треба да има три години работно искуство од областа на финансиското работење. Еден член исксутво од три години од областа на правните работи, и еден член со најмалку три години искуство од областа на техничките науки.
Оние кои би конкурирале, треба да знаат дека ниту тие, ниту пак преку трето лице не смеат да имаат по било која основа, интереси во претпријатието или во трговско друштво кое е во деловни односи со ЈП, со цел да се избегнат било какви влијание врз непристрасноста при одлучувањето.
Исто така членовите се обврзуваат дека се должни да го предупредат основачот доколку има некаков интерес кај еден или повеќе членови на Управен одбор.
Исто така утврдено е дека „неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на ЈП со функциите претседател и членови на Владата на Макдонија.
- Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор. Претседател: 18.000 денари, заменик претседател: 17.000,00 денари и членовите по: 15.000 денари – се наведува во огласот поставен на веб страната на Владата, и на веб стрната на претпријатието.
Сите заинтересирани имаат можност да се пријават најдоцна до 25 септември.
Сегашни членови на управниот одбор на ЈП Државни патишта, кој е орган на управување со ЈП, и ги има сите овластувања да презема мерки заради постигнување на целите на претпријатието се Александар Петрески, кој е всушност претседател на УО. Додека пак Блажена Пејовска, Емил Николовски и Илир Селамани се членови на одборот.
Директор на ЈП Државни патишта, кое овој период е во центарот на вниманието со најавите и трите „обиди“ за почеток на градбата на коридори 8 за кои е задолжен америчкиот конзорциум Бехтел и Енка, е Ејуп Рустеми, доктор на науки по инфомратика.
Деновиве Рустеми го привлече вниманието на јавноста со неговата фамозна изјава дека најмногу го почитува Али Ахмети.
- Позицијата, што ја имам во овој моемет, е од Али Ахмети. Во целина, како член на ДУИ, како шеф го имам лидерот на ДУИ Ахмети. Едновремено, институциоанлно ги почитувам Владата, премиерот, министрите и другите – кажа Рустеми при телевизиско гостувње, и ја разбранува јавноста.
П.О.
