Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бараат 33 нови економски промотори во лов на инвестиции

Се бараат 33 нови економски промотори во лов на инвестиции

Владата ќе ангажира 33 ови економски промотори преку продолжување на огласот кој ќе трае до крајот на октомври, а беше објавен од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија. 

Економски промотори ќе бидат ангажирани во речиси сите големи европски градови, а се планира ангажман и во економските центри на САД, Канада, Велика Британија, Русија, Турција и Кина. Кандидатите ќе работат во рамките на дипломатските конзуларни претставништва на МНР и ќе добиваат соодветна плата во однос на стандардот во земјата во која ќе служат. 

Досега се потрошени десетина милиони евра за тимовите на економските промотори кои имаат задачи да организираат средби со бизнисмени и компании и да им ги претстават можностите за инвестирање во Македонија, но ефектот засега не е фантастичен, особено ако се гледа реализираното во првите два квартали од 2016-та.


Слично

Поврзани вести