Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара наследникот на Паско Кузман, во игра се десетмина

Се бара наследникот на Паско Кузман, во игра се десетмина

Откако в.д. ди­рек­торот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, заврши во домашен притвот под сомневање дека ја злоупотребил службената должност, Владата бара негов заменик. Како што пренесува весникот Вест, токму Владата сеха ја има клучната улога и надлежност за избор на неговиот наследник.

Во изјава за весникот, владиниот портпаролот Александар Ѓорѓиев, потврдиле дека десетина кандидати веќе влегле во потесниот круг. „Во рамките на првиот јавен повик за пријавување за ангажирање на раководни по­зи­ции, кој беше објавен пред месец и половина, предвидена е и позицијата директор на Уп­ра­ва­та. Во однос на истата имаме добиено кандидатури од околу триесетина лица, нив­ни­те писмени поднесоци беа разгледани и веќе е завршена и првата фаза на ин­тер­вјуа, во која сите кандидати имаа можност непосредно да ги претстават нивните ста­во­ви, идеи, погледи, програми пред стручни тимови, составени од носители на фун­кции во државните институции. По оваа фаза, направена е потесна селекција на кан­ди­да­ти­те и се определени околу десетина кандидати со кои ќе биде направено до­пол­ни­тел­но интервју", вели Ѓорѓиев за Вест. Паско Кузман, полицијата го товари дека пред две години незаконски  дал согласност  да се ископува во близина на Делчево и на Катланово. Медиумите тогаш шпекулираа дека на овие локации наводно се бара злато оставено од Германците во 1944 година. Никогаш не беше откриено дали е најдено златото на Германците, но според истрагата на МВР, Паско Кузман,  заедно со еден од раководителите во Управата, кој го поттикнал да ги потпише согласностите, ја загрозиле безбедноста на културното наследство. Освен што незаконски ги потишал согласностите за ископите, според пријавата, Кузман го оштетил и буџетот, барајќи полициско обезбедување на локациите, што МВР го чинело околу 20.000 евра, а оваа сума никогаш не ја платил. Инаку, ова не е прв пат Кузман да се соочува со кривично гонење, тој во 2002, откако беше сменет од директорското место во Завод и музеј во Охрид, доби кривична пријава.
Слично

Поврзани вести