СЕ БАРА ТЕШКАШ: Кој ќе ја спасува Македонија од политичкиот безизлез?
Поранешниот премиер на Шведска Карл Билд бил најсериозен кандидат за специјален преставник на ЕУ за Македонија, меѓутоа тој оваа понуда експресно ја одбил дознава Фактор. Според информации на Фактор , Брисел ја разгледува варијантата да испрати личност од калибарот на шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак кој своевремени беше специјален преставник за Босна и Херцеговина.
Според изворите на Фактор не се исклучува ниту опцијата шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав да добие дополнителни овластувања .
Специјален преставник се комбинира и со фунција шеф на Делегација што би подразбирало дека амбасадор Аиво Орав би можел да ја извршува оваа улога. Но во нашиот случај најверојатно се оди на тоа да се назначи дипломат со ограничен мандат со единствена задача – решавање на кризата, велат за Фактор доброупатени извори .
Според изворите на Фактор , доколку во наредните неколку недели со европската медијација не биде направен сериозен исчекор за излез од политичката криза најверојатно ќе се вклучи и американска шатл дипломатија, нешто слично како што тоа беше случај во 2001 година.
Иако се уште нема официјална потврда дали Комесарот на ЕК за проширување Јоханес Хан во понеделник ќе допатува во Скопје , сепак проценките се дека доколку тој дојде ќе се обиде да посреднува како неговиот претходник Штефан Филе во март 2013 година. Но извори за Фактор кои сакаат да останат анонимни сметаат дека Хан тешко би се справил со предизвиците на политичката реалност во Македонија.
Јас не би се надевал на успех со ЕУ и европратениците, најсилното оружје на Брисел во надворешната политика го има Советот односно високиот преставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини. Кога би можеле да бираме сега добро би ни дошол Хавиер Солана, оценуваат доброупатени извори.
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ниту ги потврдија ниту ги демантираа информациите дека во Стразбур бил потпишан нон-пејпер. Сепак во политичките кулоари с е погласно се говори дека најверојатно многу скоро би можело да има излез од неколку месечна криза со формирање на преодна влада во која ќе партиципираат 4 тите најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ, ДУИ и ДПА. Главниот камен на сопнување е дали на чело на таа влада би останал досегашниот премиер Никола Груевски.
Горазд Чомовски
Слично
