Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара судска сала, рочиштето за „Диво насеље“ одложено

Се бара судска сала, рочиштето за „Диво насеље“ одложено

Денешното рочиште за судскиот процес „Диво насеље“ е одложено за 19 мај.

Одложувањето е поради судската сала, бидејќи требаше да бидат донесени ново обвинети кои беа дел од друг предмет. Обвинителството одлучи да ги спои во еден предмет, а се работи за група жители на населбата, кои се обвинети за помагање на обвинетите за тероризам. Поради тоа судскиот процес и покрај тоа што е стигнат до половина мора да почне од почеток. Ново обвинетите, но и претходно обвинетите ќе се изјаснуваат за вина и сите сведоци сослушани досега ќе треба да бидат повторно повикани.

Бидејќи ќе бидат присутни повеќе луѓе во салата и е неопходен поголем простор, од Кривичниот суд информираа дека се обратиле и до Министерството за правда за обезбедување на сала надвор од судскиот комплекс.

Слично

Поврзани вести