Се бара решение за спорните гласачи, за невладините ДИК го изгубила легитимитетот
Во Државната изборна комисија денеска претставници на партиите заклучија дека се потребни измени во методологијата за прочистување на избирачкиот список.
Повеќе од 40.000 спорни гласачи ќе бидат јавно објавени и ќе треба сами да се пријават. Ако тоа не се случи од СДСМ велат дека нема да бидат регистрирани во избирачкиот список. Опозицијата бара измени и во методологијата за над 170.000 граѓани кои како што велат се иселени од земјава, но тоа го немаат регулирано. Од ДУИ тврдат дека спорни се само околу 40.000 гласачи.
Од повеќе невладини организации денеска го кажаа својот став дека кредибилни избори со чист избирачки список не се можни дури ни следната година.
Од МОСТ велат дека поради застарените и нефункционални бази на податоци се појави хаос во списокот со гласачи.
Според Џабир Дерала од „Цивил“, Државната изборна комисија го изгубила својот легитимитет, а граѓаните немаат доверба во прочистување на списокот.
Од невладините се сомневаат дека до ноември, па дури и до март, ќе има целосно прочистен избирачки список.
Слично
