Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ БАРА РАЗРЕШУВЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ И ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА – имале уште по неколку години од мандатот

СЕ БАРА РАЗРЕШУВЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ И ЗАМЕНИК ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА – имале уште по неколку години од мандатот

Владата бара да се разрешат директорот и заменик директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров и Агрон Сефери. Во Собранието веќе е доставен предлогот на Владата, во кое е наведено дека директорот Глигоров по втор пат го добил мандатот, еднаш во јули 2017 година, и повторно во јули 2023 година. Додека, заменик директорот од јуни 2021 година е на својата позиција. Согласно законите, директорот кој го назначува Собранието на предлог на Владата ја врши функцијата 6 години, што значи дека Глигоров имал уште долг период од својот мандат. Во слична позиција е и заменик директорот Сефери.

Сепак, како што е потенцирано во предлог барањето за нивно разрешување, поради тоа што во јуни 2022 година, Државниот завод за ревизија имал изготвен извештај за извршена ИТ ревизија на усогласеност на информацискиот систем за пријавување, полагање и вработување во Агенцијата за администрација за реализација на надлежностите при вработувањето во јавната администрација кај Агенцијата за администрација, со кој биле утврдени недоследности, се бара нивно разрешување.

- Со ревизијата, биле констатирани бројни недостатоци, слабости и незаконски активности во работењето со што се доведува во прашање понатамошно вршење на функцијата директор и заменик директор на Агенцијата за администрација – се нагласува во предлог решението за разрешување.

Притоа е посочено дека на седница од 30 јули 2024 година, Владата го разгледала Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година и дала негативно мислење поради констатирани недостатоци во конечниот извештај од ДЗР.  Во барањето исто така е посочено и дека заменик директорот, Агрон Сефери се стекнал со диплома – политиколог, па не ги исполнува законските услови за именување за зaмeник директор на Агенцијата.

- Согласно наведеното, со оглед на тоа што при организирање и раководењето со Агенцијата биле преземани активности спротивни на Законот за административни службеници, при ревизијата констатирани се бројни незаконски дејствија во Агенцијата, кои го отвораат прашањето за одговорност на директорот на Агенцијата и заменик директорот, како и потребата од понатамошно извршување на функцијата, Владата предложи до Собранието да го разреши од должност директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров и заменик директорот Агрон Сефери – се наведува во документот доставен до пратениците.

Согласно законите Агенцијата објавува огласи за вработување на административни службеници, организира постапки за селекција на службеници, постапува по жалби и приговори, го спроведува испитот за административен службеник и води евиденција на кандидати кои доставиле лажни докази во пријава за вработување. Раководниот тим го бира Владата, но го именува и разрешува Собранието, на предлог на Владата, а нивните мандати траат шест години.

Законот утврдува дека директорот ја претставува Агенцијата,  презема правни дејствија во име на Агенцијата, одговара за законитоста во работењето, одлучува по права и обврски на вработените, донесува акти за внатрешна организација, донесува финансиски, стратешки планови и програма за работа...

П.О.

Слично

Поврзани вести