Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара расчистување на случајот со трите лиценци на БЕГ

Се бара расчистување на случајот со трите лиценци на БЕГ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, како и Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, побараа од Основното јавно обвинителство да го расчисти случајот со трите издадени лиценци за БЕГ во 2012.

Основното јавно обвинителство води предистражна за начинот на коj Балкан Енерџи Груп (БЕГ) односно трите ќерки фирми на компанијата која обезбедува парно греење, ја добиле лиценцата за вршење на енергетска дејсност.

Станува збор за кривична пријава што Министерството за внатрешни работи во мај 2019 година ја поднело против поранешниот претседател на Регулаторната комисија Димитар Петров и три члена на комисија за нелегално издавање на три лиценци во 2012 година за вршење на енергетски дејности (регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија), без да бидат исполнети услови и критериуми.

- За случајот со БЕГ во 2019 на 22 мај имаме поднесено кривични пријави против претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика кои во декември 2012 издале лиценца за дистрибуција на топлинската енергија. Во повеќе наврати потоа се носеле одлучи за утврдување на цена и со тоа постапување го гледаме денешниот епилог. Имаме енергетска криза, но однесувањето на овие компании не е во инетерес на граѓаните. И до денес немаме никакви активности од Обвинителството.

Кривичната е поднесена на 22 мај 2019. Одговор не треба да имаме ние, туку да го добијат граѓаните преку ефикасна постапка. Да се види што е тоа што е направено пропуст и тоа да се санкционира. Сметам дека сите институции треба да бидат ефикасни во овој дел. Секогаш кога има  проблем ние сме тука како Влада, но ако нема санкционирање на еден случај, се јавува втор, рече денеска Спасовски како гостин во студиото на ТВ24.

Тој ги повика повисоките инстанци да извршат притисок за овој случлај да добие епилог.

- Советот на јавни обвинители и Судскиот совет треба повеќе да се позанивамаат со поединци. Да ги исконтролираат овие работи и да превземат одговорност, додаде министерот.

Бислимовски во емисијата „Утрински брифинг“ потврди дека има кривична пријава во Обвинителството. На првиот човек на РКЕ не му е јасно зошто биле издадени дури три лиценци.

- Целиот систем за топлинска енергија е поставен на криво. Прв природен монопол кој е приватизиран во 1999 година, без да постои јасна и предвидлива регулатива и постојано има проблеми во однос на снабдувањето со топлинска енергија. 

Не би навлегувал како се издадени тие лиценци, но во принцип целиот систем е погрешно поставен и не постои град во опкружувањето како што во дејноста постојат три лиценци - за производство, дистрибуција и за снабдување. Тоа го нема во ниту еден град. Кај нас цела оваа поставенот го комплицира целиот процес. 

Сега е вистинскиот момент да се постават работите на право место. Сопственоста над производствените капацитети, над дистрибутивната мрежа е измешана, рече Бислимовски.

Слично

Поврзани вести