Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бара концесионер за „Македонско село“

Се бара концесионер за „Македонско село“

Министерството за економија распиша оглас со кој ќе утврди дали има интерес од приватни концесионери  за менаџирање и стопанисување со комплексот „Македонско село“, лоциран во скопската населба „Нерези“ спорти манастирот „Св.Пантелејмон“.

Целта е музејот на отворено „Македонско село“ да  стане ексклузивна туристичка атракција поради што во соработка со заинтересираните субјекти ќе се конципираат целосно моделите и можностите за издавање под концесија. Апликациите со план и концепт за работењето треба да се достават до 10-ти следниот месец.

Комплексот „Македонско село“ се простира на површина од 12.194 метри квадратни. Во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои два ресторани, музеј, сувенирница, портирница, мал  амфитеатар за организирање конференции... Во комплексот има и посебен дел со селско-стопански содржини - воденица,  валавница, трло, штала, рибник... кои идниот концесионер ќе може да ги стопанисува.

Според огласот, во комплексот би се вршела хотелиерска, угостителска, туристичка и занаетчиска дејност, продажба на сувенири, како и производство на храна.

Издавањето на комплексот под концесија е дел од активностите за спроведување на Стратегијата за развој на туризмот и туристичките ресурси и капацитети на државата.

Слично

Поврзани вести