СЕ БАРА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ: Да биде опфатена и оваа категорија на работници
Освен доуредување на бенефицираниот стаж за рударите, бенефиции да добијат и градежните работници од потешките струки во градежништвото, побараа од независниот синдикат на градежни работници.
Побараа работниците од потешките струки во градежништвото, како ракувачите на градежни машини, кранисти и возачи на тешки товарни возила најмалку една година порано да заминуваат во пензија. Поради несоодветните услови во кои работат, од синдикатот велат дека се загрижени за краткиот животен век на градежниците.
Одливот на работна сила од Македонија може да се спречи со покачување на платите и бенефициран стаж, сметаат од синдикатот на градежните работници.
Слично
