Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се бањаат во нафта ама и во долгови

Се бањаат во нафта ама и во долгови

Поради високата стапка на задолженост на домаќинствата и на наглиот пораст на цените на недвижностите, Норвешка планира да ги принуди своите граѓани на минималната годишна отплата на долгот.

Норвешките власти се залагаат за воведување на мерки за намалување на презадолженоста на граѓаните, како и бумот на цената на недвижности кои сериозно ја загрозуваат економијата на земјата.

Меѓу предложените мерки е да се одреди минималната граница на раздолжување од 2,5 отсто на годишно ниво од вкупниот износ на станбени кредити во случај да кредитот претставува 65 проценти од вредноста на имотот, објави весникот Фигаро.

Државата предлага и заострување на условите на кредитирање, така што кредитната стапка би можела да биде подигната од пет на шест одсто.

Поради високиот економски раст благодарение на богатството од нафтата и ниски каматни стапки, Норвешка е земја со една од највисоките стапки на задолженост на населението во светот, што е 2,3 пати поголеми од достапните годишни приходи.

Покрај тоа, цените на недвижностите имаат повеќе од двојно зголемени (120 отсто) од почетокот на 2003.

Само во последните 12 месеци, цените на становите во Норвешка се зголемиле за 8,7 отсто и за 6,2 отсто долгот на домаќинствата.

Поради комплексноста на овие два проблеми, голем број на аналитичари стравуваат од создавање на меурот во пазарот на недвижности.

Оттука е предлогот на владата за финансиска супервизија.

Слично

Поврзани вести