Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ АПСИ И НА КОСОВСКО-МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА: Приведени три лица!

СЕ АПСИ И НА КОСОВСКО-МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА: Приведени три лица!

Косовската полиција на граничниот премин со Македонија, „Генерал Јанковиќ“ уапсила три осомничени лица за тероризам, јави Танјуг, повикувајќи се на порталот „Коха.нет“.

Како што се наведува во соопштението на косовската полиција , „трите лица се уапсени поради сомнение дека направиле кривично дело организирање и учество во терористички групи“.

Осомничените се уапсени на граничниот премин „Генерал Јанковиќ“, кога излегувале од Македонија, каде претходно беа вратени од турските власти.

За овој случај е информиран и надлежниот обвинител кој ги сослушал тројцата осомничени, а полицјата претресла и две локацции кои се поврзани со нив.

Во текот на претресот се пронајдени и релевантни докази, поврзани со случајот кој ќе помогне во продолжение на истрагата.

По налог на обвинител, тројцата осомничен се соочиле со притвот од 48 часа.

Слично

Поврзани вести