Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се апелира на упис во стручни училишта, ама пак интересот најголем во гимназиите

Се апелира на упис во стручни училишта, ама пак интересот најголем во гимназиите
Гимназии, медицински и економски училишта - и оваа година тоа се средните училишта за кои има најголем интерес кај штотуку завршените осмооделенци. Иако се водат кампањи и Министерството за образование апелира идните средношколци да му дадат шанса на средното стручно образование, особено од техничките струки, затоа што тие се дефицитарни на пазарот, учениците сепак се чувствуваат посигурно со изборот на средно образование кое ќе им овозможи подоцна да се определат за својата идна професија. Сепак интересот за стручно образование се зголемува, во споредба со изминатите години. Дел од учениците велат дека избираат некое од стручните училишта, затоа што сметаат дека на тој начин полесно ќе најдат работа. Денеска и утре е првиот уписен рок. Место во средните училишта има за 35.185 ученици од кои 23.284 во средното стручно образование.
Слично

Поврзани вести