Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Железничкиот сообраќај е во очајна ситуација

СДСМ: Железничкиот сообраќај е во очајна ситуација

„Возовите се во катастрофална состојба, со што и целиот железнички сообраќај е во очајна ситуација. Имаме намалување од 50% на бројот на патници во последните неколку години. А од друга страна имаме зголемување на цената на билетите за 50%, во 2013 година. Во однос на товарниот железнички сообраќај имаме намалување од 35% од 2006 година до денес, така што и на ова поле состојбата е катастрофална“, велат денеска од опозицијата кога патувајќи неколку Претседатели на комисии од СДСМ, како и со членови од пратеничката група на СДСМ и коалицијата разговарале со повеќе граѓани.

Опозицијата заклучува дека во делот на железничката инфраструктура, имаме најслаба развиена инфраструктура во Европа со 27 километри железница на 1000 километри квадратни. Така што, можеме да заклучиме дека и на ова поле го констатираме полека проблемите и ќе ги внесеме во нашата програма.

Иако ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо во овој дел, ние нашите ветувања ќе ги внесеме, велат од СДСМ. Реалните проблеми ги нотираме, и за наредните избори решенијата ќе ги внесеме во нашата програма, којашто ќе биде реална и остварлива, потенцираат од опозицијата.

 
Слично

Поврзани вести