Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Заради погрешната одлука на власта, 300.000 пензионери ќе имаат пониски пензии

СДСМ: Заради погрешната одлука на власта, 300.000 пензионери ќе имаат пониски пензии
  Власта со закон ги натера приватните пензиски фондови пред време да продадат една од македонските евро-обврзниците што поседуваа, обвинуваат од СДСМ. Според најголемата опозициска партија, доколку приватните пензиски фондови имаа можност да ја чуваат македонската евро-обврзница до крај, односно до денот на нејзиното доспевање, тогаш приватните пензиски фондови ќе имаа поголема добивка од онаа што ја направија со предвремената продажба. -Тоа значи дека затоа што Владата ги натера приватните пензиски фондови да продаваат порано, тие ќе имаат помалку пари одошто ако можеа да чуваат до крај. Заради погрешната одлука на власта и помалите приходи на приватните пензиски фондови повеќе од 300.000 идни пензионери ќе имаат пониски пензии кога ќе се пензионираат, стои во соопштението на СДСМ.  
Слично

Поврзани вести