Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: За Велигден поскапо јагнешко, зејтин, јајца и зеленчук

СДСМ: За Велигден поскапо јагнешко, зејтин, јајца и зеленчук

Од СДСМ денес реагираат дека реалноста на терен за време на велигденските празници е поразителна. Велигденската трпеза е поскапа од кога било. Пазарите се полни, но торбите на граѓаните остануваат полупразни. Се купува минимално, „колку за проба“, а дел од граѓаните само разгледуваат без да можат да си дозволат.

„Јагнешкото месо достигнува и до 700 денари за килограм, поскапеа јајцата и зејтинот, а цените на доматите надминуваат 200 денари за килограм. Поскапувањата се речиси кај сите производи, со најголем раст кај овошјето и зеленчукот.

Ова е резултат на задоцнети, недоволни и погрешни економски политики затоа што Мицкоски го штити бизнисот и профитот наместо стандардот на народот. Власта нема чувство за реалноста, ниту за потребите на граѓаните“,  гласи соопштението кое опозициската партија денес го упати во јавнооста.


Слично

Поврзани вести