Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: За сите пропусти пред и после поплавите мора да има одговорност

СДСМ: За сите пропусти пред и после поплавите мора да има одговорност
Од СДСМ велат дека за сите пропусти пред и после поплавите мора да има одговорност. Невремето не можеше да се спречи, но огромниот број на човечки жртви сигурно дека можеше, додаваат од партијата. „Поминаа четеринасет дена од катастрофата во којашто згаснаа повеќе од 22 човечки животи и уште 6 се водат за изчезнати. Дополнително, нанесена е огромна материјална штета на населението во населените места околу Скопје, Стајковци, Сингелиќ, Економија, Инџиково, Црешево, Виниче, Смилковци, Страчинци и Брњарци“- изјави денеска Борче Георгиевси, претседател на општинска организација на СДСМ Гази Баба. Вели дека силното невреме не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите што се платени од народните пари за превенција и справување во вакви состојби. „Дирекцијата за заштита и спасување, на чело со директорот Шабан Салиу, и Центарот за управување со кризи на чело со Сузана Салиу, во кои се вработени околу 600 вработени, до денеска не одговорија дали има и дали е спроведена постапка за релизација на план за заштита, спасување и евакуација предвиден за вакви катастрофи“ - кажа Георгиевски. Во поплавите на 6 август се удавија 22 луѓе, а има и големи штети на куќите и покуќнината.
Слично

Поврзани вести