Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ за парламентарни избори, Груевски за лидерска средба, има ли излез од пат позицијата?

СДСМ за парламентарни избори, Груевски за лидерска средба, има ли излез од пат позицијата?
Премиерот Никола Груевски ќе се согласи да дојде на лидерска средба. За Канал 5, Груевски ја отвори можноста директно со лидерите на најголемите политички партии да разговара за проблемите во државата, но не и да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори. - Црвенковски вели дека причината да не се оди на избори е дека немаме легитимитет. Ние шест години сме на власт и на шест избори по ред граѓаните нас ни ја даваат довербата. Политиките на Црвенковски во моментов не се прифатливи за граѓаните, туку тие ги избраа нашите политики многу пати по ред – истакнува премиерот Груевски. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пак не се повлекува од барањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните. - Ние сме подготвени да постигнеме политички договор, но нашиот став е многу јасен: прифаќаме избори организирани според демократските критериуми, ако се фер и не отстапуваме од барањето парламентарните избори да се одржат заедно со локалните – вели портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ за Плусинфо. Политичката криза настана откако во собранието без присуство на опозицијата беше изгласан буџетот. Опозцијата беше отстранета од собраниската сала, по што СДСМ најави серија протести низ државата.
Слично

Поврзани вести