Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: За хаосот во студентските домови на ВМРО им се виновни студентите

СДСМ: За хаосот во студентските домови на ВМРО им се виновни студентите

ВМРО-ДПМНЕ и заменик министерот за образование, Спиро Ристовски денеска повторно ги навредија студентите, реагираат од СДСМ.

Од партијата велат дека за хаосот и нечовечките услови во студентските домови се фрла вина на студентите. Од СДСМ велат дека криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се демаскирани во целост и Ристовски не може за неговите пропусти и неговата неспособност да ги обвинува студентите.

„Инцидентот со „реновираниот“ лифт по кој студентка заврши со скршена рака се случил многу порано од излегувањето на веста во медиумите. Или Ристовски со денови намерно молчи за инцидентот или воопшто и не знае кога се случил. Според информациите од студентите, безбедносната врата на лифтот не функционирала долого време, но сепак лифтот бил оставен да работи. Со тоа била загрозена безбедноста на сите студенти“ - стои во соопштението од СДСМ.

Ристовски за овој настан кажа дека двајца студенти намерно го кршеле лифтот во студентскиот дом Гоце Делчев. Вели дека лифтот бил оптоваруван со повеќе лица од дозволеното.

„На двајца студенти им е прекинат престојот во студентскиот дом, заради свесно, физичко уништување на инвентар по собите и во ходниците на домот, што е еден неодговорен пристап затоа што, таму не одлучуваат двајца студенти за она што е добро за 320 студенти коишто во еден од блоковите живеат“-вели Ристоски.

Тој кажа дека и во иднина ќе ги прекинуваат договорите и нема да бидат толерантни кон ваквите студенти.

Слично

Поврзани вести