СДСМ: За „Актор“ некој мора кривично да одговара!
Опозицијата бара кривична одговорност за случајот „Актор“ со кој опозиционерите открија одлевање на кеш пари од сметката на грчката градежна компанија што го гради автопатот Демир Капија - Смоквица.
Според пресметките на СДСМ, од сметката на фирмата се изнесени 3,5 милиони евра, а недозволиво е за целиот случај единствено преку партиско соопштение да реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали ако сака Актор тие пари може да ви ги даде вам и на вашата партија господине Премиер? Дали ќе продолжи ваквата динамика со извлекување на кеш пари? Дали преку сметките на Актор и неговата фирма соработничка Топомерија, до крајот на изградбата на автопатот ќе бидат извлечени околу 30 милиони евра кеш и дали институциите ќе го дозволат тоа? Чудниот молк на институциите во Македонија за одлевањата милиони евра кеш кај државјани на Грција потврди дека зад проектот се крие огромен мега скандал“, вели портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.Тој ги потсети државните институции дека ако не постапат, прават кривично дело. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека единствената причина заради која СДСМ ја турка аферата за автопатот Демир Капија - Смоквица се претстојните парламентарнин избори.
„Исплатите на фирмата Актор според извршените работи се прават по извршена супервизија на реализацијата, на матичната фирма во Грција. Значи подружницата во Македонија не изнесува пари, туку внесува пари во земјата за да ги исплати работниците во земјава и суровините кои ги купува во земјата. Второ и значајно, на месечна основа се информира Европската Комисија која ги обезбедува средствата за сите реализирани активности на автопатот.Финалниот извештај на евалуацијата и предлогот за избор на најповолен понудувач беше следен и одобрен од претставници на Европската комисија. Потенцираме дека при спроведување на оваа постапка ниту една компанија не поднесе жалба“, соопштуваат од ВМРО - ДПМНЕ.Од таму ја повикуваат опозицијата сите сомнежи и информации за тоа како и каде фирмата ги троши уплатените пари да ги достави до надлежните институции. Реакција за случајот „Актор“ за сега нема од надлежните институции, иако експерти за финансиски криминал сметаат дека државата мора да се заинтересира за трансакциите. СЛУЧАЈ “АКТОР“: Трансакциите над 15 000 евра мора да бидат под посебна присмотра! СЛУЧАЈ „АКТОР“: Грците молчат, македонските институции не читаат интернет, на потег е Европската банка?!
Слично
