Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Во страв од одговорност, Груевски го турка народот во инциденти

СДСМ: Во страв од одговорност, Груевски го турка народот во инциденти

По повод вечерашното апсење на активистот од Шарената револуција при обид да го пушти транспарентот од спротивната страна каде говор држеше екс премиерот по повод роденденот на неговата партија, СДСМ најостро го осуди однесувањето на полицијата и приведувањето на демонстрантот.

„Со овој чин режимот на Никола Груевски уште еднаш ја покажа својата нервоза, паника и страв од граѓаните.

Избезумен од силата, решителноста, упорноста и масовноста на граѓаните коишто се борат за враќање на слободата, демократијата и правдата низ улиците и плоштадите ширум Македонија, Никола Груевски ја злоупотребува полицијата за да креира инциденти.

Приведување на граѓани што протестираат достоинствено, само затоа што носат транспаренти е недозволиво. Демократскиот свет не познава такво нештоДополнително полицијата на Чавков дозволи физички да биде нападнато лице коешто протестираше од страна на пара милитантни структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Во страв од граѓаните, во страв од соочување со одговорноста за криминалот и целокупното зло што им го нанесе на граѓаните Груевски  се обидува да го турка народот во инциденти и конфликти, еден против друг“, стои во соопштението на опозициската СДСМ.

Тие порачаа дека ниту едно за конфликт нема му успее и нема да го спаси првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести