Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Во Охрид не е направено ништо од ветеното

СДСМ: Во Охрид не е направено ништо од ветеното
Од опозициската партија СДСМ велат дека во Охрид не било направено ниту еден проект, ниту тоа што било ветено дека ќе се направи.

-Во овие 28 месеци од кога Никола Бакрачески е градоначалник на Охрид, не успеа да реализира ниту еден значаен проект во Охрид. И по 2 и пол години не се реализирани таканаречените приоритетни капитални инвестиции, што им беа ветени на граѓаните, рече портпаролот на ОО СДСМ Охрид, Александар Кузески.

Тој рече дека ова е доказ за неспособноста и неподгвеноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

-За ветените луксузни хотели на охридското крајбрежје најверојатно ВМРО-ДПМНЕ се уште го чека нивниот близок пријател Субрата Рој кој има сериозни проблеми со индиските судови и затвори. Дури ниту помали проекти локалната власт не може да реализира. Една фонтана кај некогашниот минимаркет се гради повеќе од 8 месеци и никако да се заврши. На граѓаните уште минатата година им беше ветено дека фонтаната на плоштадот свечено ќе биде пуштена во употреба за Водици, а оттогаш поминаа 7 месеци. Единствено, градските власти заборавија да им кажат на граѓаните за кои Водици планираат да ја завршат фонтата – годинава или догодина, рече Кузески.

Слично

Поврзани вести