СДСМ: Во Македонија постојат само фантомски вработувања
Поразителни се податоците дека десетици илјади жители годишно ја напуштаат Источна Македонија од своите родни огништа, и тоа со странски пасоши a директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски вели дека секојдневно се отвораат по 600 работни места, велат од СДСМ.
„Секоја година се празнат Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево и Берово. Тоа најдобро го чувствуваат семејствата чиишто деца се заминати, а според податоците на Светска банка 626.312 граѓани се иселиле од Македонија, најголем број млади, образовани луѓе. Никола Груевски не може да влијае на овие податоци. Тие се реални, не се фантомски“, велат од партијата на Заев.
Поради невработеноста и нискиот стандард секој втор млад човек сака да си замине од Македонија, велат оттаму, посочувајќи на големиот број дипломирани инженери, економисти, правници кои се принудени да работат и како келнери.
Велат дека над 180 илјади граѓани се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, а власта за три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.
Во Македонија постојат фантомски вработувања, во реалноста невработеноста расте, потенцираат од опозицијата.
Слично
