Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Во Буџетот за догодина нема пари за малите и средните претпријатија

СДСМ: Во Буџетот за догодина нема пари за малите и средните претпријатија
За поддршка на малите и средните претпријатија во Буџетот за 2015 година се издвоени само околу 146 илјади евра, кои не се доволни  за развој на овие фирми, смета СДСМ. Од опозициската партија потсетуваат дека во Македонија активно работат 70.859 мали и средни претпријатија, кои се основата за развој на земјава. „Ние сметаме дека во Буџетот за 2015 година за поддршка на малите и средни претпријатија треба да се издвојат 1 милијарда денари, или 114 пати повеќе средства од она што го планира актуелната власт. Оваа сума може да се добие ако за 17 проценти се намалат буџетските ставки за: патни и дневни расходи, договорни услуги, други тековни расходи, купување мебел, и изградба и реконструкции на згради за државните органи“, вели Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ. Со тоа, според опозицијата, буџетската поддршка за малите и средни претпријатија би се изедначила со поддршката што се дава на странските претпријатија во програмите за привлекување на странски директни инвестиции и развој на економска зона, технолошки индустриски развојни зони и поддршка на инвестиционите вложувања.
Слично

Поврзани вести