Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ:ВМРО и Груевски не сакаат медиумски реформи, ќе им се срушат лагите

СДСМ:ВМРО и Груевски не сакаат медиумски реформи, ќе им се срушат лагите

Од СДСМ обвинуваат дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат медиумски реформи, бидејќи како кула од карти ќе им се рушат лагите што ги пласираат преку медиумските курири.

Реагираат затоа што вчера во Собрание не го прифатија предлогот за измени во Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, поднесен од СДСМ и опозицијата, што ги содржи барањата на новинарските здруженија и организации. „Медиумските курири воопшто не ги спомнуваат истражните постапки коишто се водат против криминалната банда на Никола Груевски, ама секојдневно штанцаат измислици и невистини по негова нарачка. Покренатите истраги за уништување на опремата со којашто незаконски биле прислушкувани граѓаните се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки. Никола Груевски постојано и цело време лаже. Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж“- велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски,  нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија.

Слично

Поврзани вести