Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ & ВМРО ДПМНЕ: Анекс договори за легализација на тендер политиките, или краставица бизнис?!

СДСМ & ВМРО ДПМНЕ: Анекс договори за легализација на тендер политиките, или краставица бизнис?!
Новите анекс договори за катната гаража кај „беко“ причина за партиски препукувања. Од социјалдемократскиот сојуз на Македонија велат со анекс на договор на градежната компанија „Бетон“ ќе и бидат исплатени нови 69.619.516 денари за изведба на дополнителни и непредвидени работи на катната гаража кај „Беко“ во центарот на Скопје.
Како и во бројни други случаи, договорот бил потпишан со преговарање и без претходно објавување оглас.
Според СДСМ граѓаните на Скопје и Македонија ќе добијат уште една сомнителна градба, која ќе чини многу повеќе од најавените и онака неверојатни 14 милиони евра.
Македонија под ВМРО-ДПМНЕ стана шампион во склучување на неверојатно високи анекс договори, со што цената на објектите се зголемува повеќекратно, стои во соопштението на СДСМ.
Што велат од ВМРО-ДПМНЕ? Владејачката партија врати дека СДСМ говорат и баратаат со парите и милионите како со кило краставици и продолжуваат да тресат од ракав суми кои на луѓето им изгледаат далечни.
Тоа е така, најверојатно заради самиот факт што нивното раководство плива во милиони, па заради тоа за нив е сеедно дали се 6 или 7, или се 60 или 200 милиони, тие само си тресат празни суми и празни обвинувања, стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ.
Ова, се посочува, уште еднаш покажува дека СДСМ се однесува несериозно и за нив вредноста на кажаниот збор е еднаква на нула. Опозицијата и претходно обвинуваше дека најголем дел од Скопје 2014 е изграден со билдање на првобитните цени, со договори - анекс, со кои сумата се зголемуваше, и дека зад тоа стои голем „легализиран криминал“.
Слично

Поврзани вести