СДСМ ВЛЕГУВА ВО ВЛАДА: Спасовски министер за полиција, Ременски за труд и социјала
Иако до последен момент се преговарало и за други имиња сепак, нов Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Сапсовски од СДСМ. Како што Фактор веќе објави нов министер за труд и социјала ќе биде Фросина Ременски.
Ова вечерва го соопштил претседателот на ДУИ, Али Ахмети, откако ја напуштил лидерската средба во Клубот на пратениците во Скопје.
Ахмети соопштил дека е постигнат конечен договор меѓу партиските лидери. Договор е постигнат и за Законот за влада, кој предвидува замениците министри да имаат право на вето само за прашања што се однесуваат на изборите.
За Законот за забрана за објавување на бомбите, договорено е да се казнуваат медиумите кои што ќе објават материјали со кои се загрозува приватноста на луѓето, но не и за материјали од јавен интерес.
