Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ влегува во Собрание, следно Специјален Обвинител!

СДСМ влегува во Собрание, следно Специјален Обвинител!
Пратениците од опозициската коалиција денес се враќаат во собраниските клупи. По последните парламентарни избори одржани во април, лани опозиционерите донесоа одлука за бојкот на работата на Парламентот, обвинувајќи ја власта за нерегуларни избори. Враќањето на опозициските пратеници во Собранието е дел од договорот постигнат на 02 јуни годинава во скопско Пржино. Иако, поднесоа писмени оставки, Парламентот никогаш формално не ги усвои. Во СДСМ велат дека целосно и активно ќе се вклучат во работата на Собранието, ќе учествуваат во расправите на пленарните седници, како и на седниците на собраниските комисии. Главниот фокус ќе биде ставен на деталите кои произлегуваат од договорот од Пржино. Сугарески координатор на пратеничката група на СДСМ Пратеничката група на СДСМ ќе ја предводи пратеникот Горан Сугарески. Петре Шилегов, ќе биде претседател на Анкетната комисија за прислушување, а Рената Дескоска потпретседателка на Собраниетo. Хари Локвенец ќе раководи со комисијата за контрола на УБК и Агенцијата за разузнавање, а Горан Мисовски од НСДП е предлог за Комисијата за надзор на спроведување на следењето на комуникациите. Опозицијата ќе има претседатели уште на три комисии - Марјанчо Николовски за финансии, Панче Орцев за земјоделство и Јагода Шахпаска за здравство. Собраниски бојкот, засилен со испукување на политички бомби Бојкот на опозицијата во Парламентот само ја најави политичката криза која година и пол ја тресеше македонската јавност. Обвинувајќи ја власта за системска кражба на последните парламентарни избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев прво најави, а потоа и почна со пукање на т.н политички бомби, односно објавување на прислушкувани разговори. Лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини за незаконско прислушување на над 20 000 лица од различни профили кое со години го правела валста, а за кое СДСМ обелодени снимки и докази. Според аудиоматеријалите кои ги обелоденуваше опозицијата биле прислушувани функционери, политичари и од власта и од опозицијата,  новинари од сите медиуми, членови на ИВЗ, синодот на МПЦ , освен како што вели Заев нема прислушкувано разговор помеѓу Никола Груевски и Сашо Мијалков. Иако, власта автентичноста на снимката речиси никогаш не ја негираше сепак тврдеше дека сите разговори се лепени, сечени и монитрани. Како поминуваше времето, кризата се продлабочуваше Како изминуваше времето, а опозицијата речиси секојдневно објавуваше нови аудио материјали од проектот „Вистината за Македонија“, така политичката криза во Македонија постојано се продлабочуваше. Во меѓувреме земјава беше потресена и со кумановските инциденти, каде животот го загубија 8 полицајци, а 40 беа повредени. Продлабочувањето на кризата ја натера владата да го проветри својот ешалон. Оставки си поднесоа Сашо Мијалков, првиот човек на УБК, министрите за внатрешни работи и транспорт и врски Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески. Дополнително кризата беше разрешена со политичкиот дооговор од Пржино на 02 јуни годинава, кој беше дополнет и парафиран од лидерите на четирите политички парти Груевски, Заев, Ахмети и Тачи кон средината на јули. Договор постигнат со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан. Што предвидува договорот од Пржино
  1. На 1. септември СДСМ ќе се врати во Собранието, како што е предвидено во вториот параграф од член 6, од Договорот од 2. Јуни.
  1. На 20 октомври 2015 нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван по предлог на СДСМ, по консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Именувањето на овој министер треба да биде од технички карактер.
  1. На 20 октомври нов министер за труд и социјална политика ќе биде именуван по предлог на СДСМ.
  1. На 20 октомври нови заменици министри ќе бидат именувани за следниве министерства:
– За внатрешни работи, именуван од ВМРО-ДПМНЕ – за труд и социјална политика, именуван од ВМРО-ДПМНЕ – за финансии, именуван од СДСМ – за земјоделство, водостопанство и шумарство, именуван од СДСМ – за информатичко општество, именуван од СДСМ Овие заменици министри ќе имаат целосно право да ја надзираат работата или да ставаат вето во нивните министерства на сите правни, финансиски или кадровски одлуки кои се во врска со организацијата на изборите. Сите гореспомнати министри и заменици министри ќе останат на своите функции во новата влада, во согласност со следните одредби наведени подолу.
  1. Актуелната влада ќе поднесе формална оставка на Собранието во соодветно време за да овозможи новата влада да положи заклетва на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што треба да се одржат на 24 април 2016 година. Новата влада ќе биде предводена од премиер номиниран од ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината програма ќе биде ограничена на организација на предвремените парламентарни избори.
  1. Погорното правило дека актуелната влада треба да даде оставка и да ја напушти функцијата 100 дена пред следните избори и дека нова влада треба да биде именувана, ќе биде применето на изборите во април 2016 година, а по усвојувањето на неопходните законски измени, ќе се применува и за идните избори.
  1. Страните се обврзуваат дека ќе се придржуваат на договореното во целост и со добра волја. Страните се обврзуваат дека нема да поставуваат нови препреки , вклучително и во врска со одржувањето на изборите.
  1. Во третиот параграф на членот 6 треба да се дополни на следниот начин: по зборовите „итна акција“, следниот текст треба да се додаде:
„До 15 септември 2015 година ќе се именува Специјален обвинител, со целосна автономија за дела во врска со и што произлегуваат од пресретнатите снимени разговори. Специјалниот обвинител ќе биде именуван со согласност од долупотпишаните страни. СДСМ денес се враќа во Собрание, на ред доаѓа специјалниот обвинител По година и пол бојкот, опозициските пратеници денес се враќаат во Собранието, според договореното од Пржино. Но дали ќе останат таму и по 15 септември ако до тогаш не се назначи специјален Јавен обвинител, обврска што произлегува од истиот договор, не се соопштува.
Слично

Поврзани вести