СДСМ: Власта 9 години ги лаже штипјани со нова болница
Од опозицијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да манипулира со јавноста и да најјавува изградба на исти објекти пред секои избори.
Тие велат дека новата болница што треба да почне да се гради во ноември во Штип, владејачката партија ја најавувала пред секои изборни циклуси.
,,Девет години власта на ВМРО-ДПМНЕ ги лаже штипјани и ветува изградба на нова болница во Штип. Штипјани знаат дека во времето пред доаѓањето на власт на оваа криминална групација на ВМРО-ДПМНЕ, којашто направи пустош во целото општество а најмногу во здравството, во болницата во Штип изградени се неколку болнички објекти, и тоа со сопствени средства, а не со кредити.”- се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата обвинија дека и веќе изградените болнички објекти се запустени и во лоша состојба.
